Белски манастир — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во близина на селото Бели.
Историја Темелите за изградба на манастирот биле поставени во 1964 година, а се верува дека на тоа место имало манастир и во минатото. Во 2011 година, до манастирот бил изграден асфалтен пат, а просторот бил уреден со клупи и други содржини.
Градби и знаменитости Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, летниковци, бунар и стар даб.
Црква „Свети Илија“
Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а пред главниот влез од западната страна е доградена припрата. Внатрешноста на црквата не е зографисана.
Даб
Во дворот на манастирот се наоѓа даб од видот на благуни () којшто се смета дека е стар околу 600 години, со што е еден од најстарите претставници од овој вид во регионот, а со закон е заштитен како споменик на природата. Дабот е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бели Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Брегалничката епархија