Гагаемауга (самоански: Gagaemauga, „блиска страна на планина“) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Географија Округот се наоѓа во северниот дел на островот. Традиционален центар на округот е Салеаула каде се сретнувале окружните поглавици и оратори. Како и останатите села во Самоа, така и тука селата се распоредени покрај крајбрежјето, со исклучок на некои.
За Самоа е значаен податокот дека Џорџ Прат, англиски мисионер, живеел во Матауту. Тој ја напишал првата граматика и речник за самоанскиот јазик.
Гагаемауга има и две ексклави на островот Уполу. Двете ексклави се наоѓаат на другиот остров поради ерупцијата на вулканот Матавану во 1900-те. Вулканот ги погодил тогашните села Леаува и Саламуму и населението било преселено на Уполу. Поради тоа што населението било по потекло од Саваи, овие села биле приклучени на Гагаемауга.
Поврзано Саваи Окрузи во Самоа
Наводи
Надворешни врски Службено место на Самоанското биро за туризам
Категорија:Окрузи во Самоа