мини|Споменик на паднати борци во Втората светска војна Сандово () е населено место со административен статус на мало гратче во европскиот дел на Руската Федерација и административниот центар на Сандовскиот реон сместен на крајниот североисток на Тверската област.

Според проценките на националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 3.382 жители.

Географија Гратчето Сандово се наоѓа во североисточниот дел на Тверска област, местото каде што реката Ратиња се влева во нејзинатапритока Орудовка (двете реки припаѓаат на сливот на реката Волга). Населбата се наоѓа на околу 248 километри североисточно од административниот центар на градот Твер.

Низ малото гратче поминува важна железничка пруга на релација Москва - Каљазин - Сонково - Санкт Петербург.

Историја Местото за првпат се споменува во пишани извори околу 1500 година под името Орудово (веројатно од името на реката што тече таму), а познато е дека до 1764 година постоел како монашки имот на блискиот Краснохолмски Николаевски.

Првите детални мапи на населбата се направени во 1745 година и 1792 година. Во 1775 година населбата, заедно со соседните населби, е приклучена на Весјегонската парохија. На почетокот на 19 век, во 32 домаќинства живееле 225 луѓе во населбата.

Во втората половина на 19 век, во населбата е отворено првото училиште, кое работело при локалната црква, додека во 1889 година е отворена првата амбуланта.

Сандовскиот округ е формиран во мај 1924 година, а по 1929 година откако е основан е Сандовскиот реон неговиот административен центар станало тогашно село Орудово, кое го сменило името во Сандово. Реонот првично бил дел од Безецкиот округ во Московската област, а бил во границите на Тверската област од 1935 година.

Сегашниот административен статус на гратчето Сандово постои од 1967 година.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во гратчето живееле 3.507 жители, додека според проценките за 2014 година живееле 3.797 жители. +Движење на бројот на жителите1897 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година ---1.8952.8753.8074.6053.9333.5073.797

Поврзано

Тверската област Список на градови во Русија

Надворешни врски

Официјално мрежно место на регионалната администрација Историја на регионот Сандов и Сандов Територијата на регионот на стари и модерни мапи (компаративен поглед)

Категорија:Населени места во Русија