Динарот - поранешна валута на Хрватска помеѓу 23 декември 1991 година и 30 мај 1994 година. ИСО 4217 кодот бил HRD.
Историја Хрватскиот динар ја заменил верзијата на југословенскиот динар од 1990 година на исто ниво. Тоа било преодна валута воведена по прогласувањето на независност на Хрватска. За време на своето постоење, динарот опаднал во вредност од фактор околу 70. Динарот бил заменет со куна со стапка од 1 куна = 1000 динари. Валутата не се користела во заземените територии кои ја сочинувале таканаречената Српска Краина.
Банкноти Деноминација Датум на издавање 1 динар 8 октомври 1991 5 динари 10 динари 25 динари 100 динари 500 динари 1.000 динари 2.000 динари 15 јануари 1992 5000 динари 10.000 динари 50 000 динари 30 мај 1993 100 000 динари Аверсот на сите банкноти бил ист, со слика на хрватскиот научник од Дубровник, Руѓер Бошковиќ. Банкнотите до 1000 динари ја имале на реверсот Загрепската катедрала На повисоките апоени била претставена скулптурата „Историја на Хрватите“ на Иван Мештровиќ на задната страна.
Поврзано
Динар Југословенски динар Краински динар Хрватска куна
Библиографија
Надворешни врски
Хрватски динар - историски банкноти на Хрватска Хрватска куна - тековни банкноти на Хрватска
Категорија:Европски валути Категорија:Економија на Хрватска Категорија:Поранешни валути