Увеја ― еден од Лојалтските Острови, во архипелагот Нова Каледонија, кој што е прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Островот е дел од комуната (општина) Увеја, во покраината Лојалтски Острови, Нова Каледонија.
Географија Островот во облик на полумесечина, кој припаѓа на поголем атол, кој е 50км долг и 7км широк. Лежи североисточно од островот Гранд Тер, кое што е од големото копно на Нова Каледонија.
Историја Увеја е полинезиска ексклава првично населена од полинезиски морепловци кои го именувале по нивниот домашен остров Увеја. Некои од нивните потомци сè уште зборуваат на западно-увејски јазик.
Демографија Во Увеја живеат околу 3.000 луѓе кои се организирани во племиња поделени на Полинезијци и Меланезијци по етничко потекло. На островот се зборува јазикот Јааи.
Флора и фауна Увеја има богати морски ресурси и е дом на многу морски желки, видови риби, корали, како и домашни папагали. Увејскиот папагал може да се најде само на островот Увеја.
Голем рак наречен кокосов рак или може да се најде на островот. Големите сини ракови живеат во насади со палми и можат да пораснат до неколку килограми во големина. Тие се копнени видови и не се впуштаат во океанот.
Во Увеја се наоѓа и трофејната коскеста риба која се населува во плитките води богати со хранливи материи на атолот.
Категорија:Острови на Нова Каледонија Категорија:Лоајоте