Национален парк Бикин ( ) е еден од националните паркови на Русија и посебно заштитено природно подрачје во Пожарскиот реон во Приморскиот крај на Рускиот далечен исток. Паркот е формиран на 3 ноември 2015 година со декрет на Владата на Руската Федерација во рамките на програмата за заштита и ширење на критично загрозените видови на амурски тигар. Паркот ја вклучува територијата на државниот природен резерват Верхебикински, што е од регионално значење и е дел од територијата на Бикинскаја.Программа «Амурский тигр» Ова е еден од најмладите национални паркови во Русија, а неговата вкупна површина е 11.600 км².Национальный парк Бикин Територијата на паркот е стационирана во западниот дел на планинскиот масив Сихоте Алин. Надморската височина во паркот варира од локацијата, така што е најниска на 200 м во долината на реката Бикин, а највисока на 1932 метри, на Аника, највисоката точка на Приморскиот крај .

Цели и задачи Паркот е формиран за да ги реши следниве проблеми :

Зачувување на единствени природни локации Зачувување на историски и културни локации, заштитата на живеалиштата и традиционалниот начин на живот на домородните народи ( Удегејци и Нанајци ) Еколошко образование на населението и создавање услови за регулиран туризам и рекреација Државен надзор на земјата со цел да се заштити и зачува подрачјето

Флора и фауна десно|мини|300x300пкс| Врвот Анит, највисоката точка на Приморскиот крај десно|мини|300x300пкс| Река Бикин во рамките на паркот Територијата на националниот парк е едно од последните природни живеалишта на амурскиот тигар, каде што живеат 10% од светската популација од овој вид.

Во паркот се наведени 51 вид цицачи како лос, дива свиња, срна, црвена лисица, тигар, кафеава мечка и хималајска кафеава мечка, самур, бизон, бизамски стаорец и многу други. 194 видови птици живеат во подрачјето на националниот парк, а најмалку 9 од нив се запишани во Црвената книга на Русија, како што се црниот штрк, Mergus squamatus, Bubo blakistoni и други. Во паркот се наведени и 10 видови влекачи, 7 видови водоземци и 26 видови риби.

Растителноста е претставена со листопадни шуми и широколисни кедрови шуми, а поради оваа распространетост, голем број видови цицачи живеат во шумските делови на националниот парк . Шумите околу реката Бикин се пример за мешана растителност на север и југ од паркот. Во северното подрачје растат растенија како кедар, бреза, јасен, орев и други, додека на југ растат женшен, Eleutherococcus, Rhododendron dauricum, киви и аралија.

Клима Во областа на националниот парк доминира умереноконтинентална клима, со големи разлики во температурата, со топли и влажни лета и студени зими.

Население Тунгуско- манџурските народи Удегејци и Нанајци живеат во просторот на Националниот парк Бикин и неговата околина. До крајот на XIX век, Удегејците не биле квалификувани како народ, тие и Нани се сметале за еден народ. .

Материјалната и духовната култура на бикинските Удегејци и Нанајци има многу заедничко, бидејќи пред многу години се настанати во ова подрачје. Древното население кое живее во Приморскиот крај се занимава со лов, риболов, собирање овошје и многу традиционални занаети на овие простори уште од дамнешни времиња.

Во областа на Националниот парк Бикин, се наоѓаат природни и историски знаменитости кои бикинските Удегејци и другите мали народи од Приморскиот крај многу ги почитуваат, а тоа се древни населби, стари мелници и многу други градби кои се составен дел од културата и историјата на народите на овие простори. За Удегејците, амурскиот тигар е свето животно.ЭТНИЧЕСКИЕ ПРЕДСТАВЛЕНИЯ ТУНГУСО -МАНЬЧЖУРОВ О ПРИРОДЕ И ОБЩЕСТВЕ

Управување со паркот Заедно со заштита на природата и екотуризмот, инфраструктурата на паркот се развива на начин наменет за заштита на начинот на живот на Удегејците и Нанајците. Се проценува дека 600 домородни жители на оваа област живеат со традиционален начин на живот и се занимаваат со риболов, лов и собирање пињоли. За време на зонирањето на паркот за различни начини на користење (зачувување, научно истражување, екотуризам и др.), Владата на Руската Федерација се обврза дека 68% од земјиштето ќе остане на располагање за традиционална употреба на луѓето што живеат тука.

Користена литература

Надворешни врски

Национален парк Бикин на страницата amur-tiger.ru

Категорија:Приморски крај Категорија:Национални паркови во Русија Категорија:МСЗП-Категорија II