Tenthredo atra е палеарктички вид растителна оса.Benson, R.B., 1952. Handbooks for the Identification of British Insects. Hymenoptera, Symphyta, Vol 6, Section 2(a-c), Royal Entomological Society, London

Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: цела Европа, Северна Азија, Сибир и Северна Америка. Во Македонија се среќава во јужниот и западниот дел.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 210-211

Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 9-13 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Градите се црни, тегулите црвеникави, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави. Нозете се црвеникави, абдоменот црн.

Ларвите се развиваат во периодот од јули до август, а возрасните форми се среќаваат од мај до август.

Наводи

Надворешни врски

Пиласти оси (Symphyta) во Британија и Ирска

Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј