Борово () — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.

Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи северозападно од Стеблево, североисточно од Забзун и југозападно од Клење. Крај селото минува Боровска Река која на запад се влева во Окштунска Река.

Историја Според едно предание, селото го основале влашки сточари. Албанизацијата на Борово и Забзун почнала порано, но населението долго време останало двојазично. Жителите се албанизирани торбеши (Македонци муслимани).

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боро (Boro) е село со 50 домаќинства сочинети од 113 „Албанци-муслимани“ (се мисли на поалбанчени или мешани).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Борово живееле 280 Македонци-христијани, но ова може да е грешка.

По Балканските војни во 1913 г. Борово влегло во состав на новосоздадена Албанија.

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Борово веќе се води како село со 70 куќи на „Албанци“.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Според податок на Миленко Филиповиќ издаден во 1940 г. селото броело 180-200 куќи, чии жители зборувале нечист албански, но тој не бил правилен, туку мешан со македонски.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево.

Иселеништво Во 1940 г. М. Филиповиќ забележал дека г-ѓа Милјана, мајката на скопскиот претприемач Јован Дамјанов Вичишки била од Борово.

Според истражувањата од XX век во Корошишта, Струшко живе родот Борова, кои се доселеници од Борово. Според истражувањето на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите родот опфаќал 6 куќи во селото, а според сознанијата на Јован Трифуноски од 1977-79 г. истиот нараснал на 12 куќи.

Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Либражд Категорија:Македонски населби во Албанија