Самара арена ( ) или Арена космос ( ) е фудбалски стадион во градот Самара, во Самарската област на Руската Федерација .Проект представленный ФИФА Наменет е за потребите на Светското првенство во фудбал 2018 година, чиј домаќин на Русија. Граден е од јуни 2015 година до крајот на декември 2017 година, а трошоците за изградба изнесуваа 18,9 милијарди руски рубли. Предвидената сместивост на стадионот е 44 807 места. Изгледот на стадионот е инспириран од темата поврзана со истражувањата во вселената, бидејќи самиот град има долга традиција на вселенско истражување, а полето и трибините се покриени со стаклена купола со максимална висина од 60 м. мини|Самара арена Предвидено е по Светското првенство, стадионот да биде предаден на употреба на локалниот фудбалски клуб Крила Совјетов.
Локација лево|мини| Надворешниот изглед на стадионот Во првичната понуда која е поднесена до ФИФА, нов стадион требаше да биде изграден на остров јужно од градот,http://stadiumdb.com/designs/rus/stadion_samara каде што скоро нема населба или инфраструктура. Во тоа време, немаше ни мост за да се стигне таму.
Ова предизвика критики и така стадионот беше преместен на север, кој би се градел во границите на градот. Првично беше планирано неговата површина да биде 27 хектари, но беше променета во 240, а потоа во 930 хектари. Одлуката за зголемување на подрачјето на спортскиот комплекс беше донесена пред какви било консултации со жителите на Самара. Повеќето објекти предвидени во проширеното подречје немаа никаква врска со спортот.
Областа југозападно од стадионот се нарекува Радио центар №3, првично наречена Радио центар. Изграден е во 1949 година Изборот на место не е случаен, бидејќи во тоа време тоа била највисоката точка во градот. Емитувањето кратки бранови започнало во 1952 година. Во Радио центарот се појавил истоимен град, во кој живееле експертите кои работеле таму. И покрај неговата скромна големина, во неговата инфраструктура имало простор за мал Дом на културата и за училиште. Центарот за култура е затворен, а сега зградата е празна. Училиштето работело до 1981 година, по што училиштето имало и училиште за велосипедизам како дел од своите активности. Во ноември 2013 година, започна делумно демонтирање на антени и други структури, со планирано да се изгради нов радио центар (практично на истата локација), со главен фокус телевизиска кула од 240 метри сместена на 10 хектари.
ФИФА Светско прценство 2018 година
Датум Време Тим # 1 Резултат Тим # 2 Група Број на посетители 17 јуни 2018 година 14:00 часот 0 : 1 Група Е 41432 21 јуни 2018 година 14:00 часот 1 : 1 Група Ц 40 727 25 јуни 2018 година 16:00 часот 3 : 0 Група А 41 970 28 јуни 2018 година 16:00 часот 0 : 1 Група Х 41 970 2 јули 2018 година 16:00 часот 2 : 0 Осмина финале 41 970 7 јули 2018 година 16:00 часот 0 : 2 Четврт финале 39 991
Користена литература
Надворешни врски
Информации за стадионот на мрежното место на ФИФА Податоци на мрежното место на Организациониот одбор на СП 2018.
Категорија:Спортот во Самара Категорија:Стадиони за Светското фудбалско првенство - 2018