Елена (Костова) Наумовска - Аргир (псеводним Илинка), ( во — 8 октомври 2002 во Скопје) — македонски партизан, учесник и раководител во НОВ.
Животопис Била активен член на друштвото Есперанто од „Крушево“. Во 1940 година раководела со комисијата за работа со жените при месниот комитет на КПЈ во Крушево. На 22 јуни 1942 година официјално е формиран крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, иако своите активности ги почнал од април истата година. Одредот одржал повеќе митинзи на територијата помеѓу Крушево, Македонски Брод и Кичево, а извел и повеќе воени акции против бугарските фашистички сили, меѓу кои во селата: Прибилци, Кочиште, напад на рудникот Цер и други. Меѓу борците имало и жени. Една од нив била Елена Костова Аргирова, која се истакнала со своите активности уште пред почетокот на НОВ. Средбите биле во организација на Костадин Попоски и Цветан Илиевски. На средбите, од Одредот присуствувале Наум Наумовски - Борче, Шула Мина и Ели Аргирова.
Бугарскиот воен суд во Прилеп, кон крајот на 1942 година, ја осудил Елена Наумова заедно со Антигона Стерјова Туфа, Ефросина Михајлова Димитрова, исто така борци во одредот „Питу Гули“ и Ефигени Николова Стерјова, водач на женска просветна група, биле осудени од 15 до 20 години строг затвор.
Потоа таа се приклучила на Мавровско-кичевскиот НОПО, додека од август 1943 година таа е член на баталјонот „Мирче Ацев“. Како заменик-политички комесар таа била дел ѝ од Македонско-косовската ударна бригада. Нејзината воена активност ја продолжила и во Македонската ударна бригада, најпрво како заменик политички комесар на баталјон, а потоа и на целата бригада.
Одликувања Носители на високото одликување „Партизанска споменица од 1941“ од Крушево се жените-борци: Елена Костова Аргирова, Сина Димитриовска Михајлова и Вергула Кардула.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941