За други значења, види Самар (појаснување). мини|десно|Самар во с. Говрлево, Скопско мини|десно|Насамарено магаре во Куба Самар е направа која се прицврстува врз коњ, магаре, маска или неко друго влечно животно за да може да носи тежок товар како стока, багаж, огревно дрво, мали топови и други нешта. Најдобро е самарот да седи врз покривка или подлога, за да ја распореди тежината на седлото и товарот врз грбот на животното. Долната страна на самарот е направена за да соодветствува на обликот на грбот на животното. Обично е поделен на симетрични делови со преграда за товарот да не тежи на ’рбетот, и за добра вентилација при потење.

Бидејќи самарот не е направен за јавање, горната страна на самарот личи на полица за товарот да може да натежне и да се врзе со ремени, јажиња или нешто друго.

Изработувачот на самари се нарекува самарџија.

Во книжевноста Детскиот роман „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески

Во фолклорот

Поврзано Седло Товарно животно Влечно животно Животински-придвижуван транспорт

Категорија:Коњска опрема Категорија:Турцизми