Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Горно Лакочереј. Претставува некропола и населба од римско време. На тумбата што се спушта кон полето, оддалечена 500 м североисточно од селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и друго. Видливи се и темели од градби ѕидани од кршен камен и варов малтер. На западната страна на тумбата селаните откриле гробови градени од тегули − тип „на две води“.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 246, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горица — населба и некропола од римското време; Полица — средновековна населба; Ќерија - Долчиња — населба од доцноантичкото време; Горно Лакочереј; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Горно Лакочереј