Маалски Рид — археолошко наоѓалиште во охридското село Орман. Претставува населба од младото камено време и некропола од римското време. Лево од патот при влегувањето во селото се среќаваат делови од керамички садови и орудија од камен и кремен од неолитска населба. При копањето на темелите за куќата на еден жител, биле откриени и уништени повеќе гробови. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано Маалски Рид — населба и некропола од римското време; Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од 4 век пред нашата ера;ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД ГРАШНИЦА БАРААТ ДА СЕ ИЗРАБОТИ АРХЕОЛОШКО СОНДАЖНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА МАУЦКЕР Чекоштина — некропола од доцноантичкото време; Орман; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско.

Наводи