Димче Аџимитревски ( во ― во ) ― револуционер, учесник во рабоничкото и студентското движење.
Животопис Член на КПЈ од 1935 година. Во периодот од 1932 до 1934 година е член на ΜΟΡΟ (Македонска омладинска револуционерна организација) заедно со Коле Неделковски, Венко Марковски, Асен Симитчиев и други. Кон крајот на 1941 година и целата 1942 година, тој бил член на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и на Покраинскиот комитет на СКОЈ. Партиски инструктор во Охрид и во Струмица. Бил затворен фашистичка Бугарија од 1943 година до крајот на Втората светска војна. Есента, 1944 година тој станал организационен секретар на Месниот комитет во Скопје. По војната вршел државни и политички функции. Бил уапсен, бидејќи дошол во судир со официјалната политика на КПЈ во однос на Резолуцијата на Информбирото. Казната ја издржувал на Голи Оток.
Починал 1994 година во Скопје. Посмртно (во 1997 година), од печат излезени се неговите сеќавања за настани и личности од македонското револуционерно минато.
Наводи
Категорија:Затвореници на Голи Оток