Tenthredo mandibularis е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е Средна Европа и Транскавказ. Во Македонија се среќава во Маврово и село Бреза, Беровско.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 211-212
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 13-15 милиметри. Телото им е наполно црно. Главата малку пунктирана и блескава, основата на мандибулите белузлава. Градите се црни, крилата се жолтеникави, жилките и стигмата темнокафеави. Предните и средните нозе се црвени, задните наполно црни, абдоменот црн со бели дамки.
Ларвите се развиваат во периодот од јули до октомви, а возрасните форми се среќаваат од мај до август.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија