Tenthredo costata е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Средна Европа, Јужна Европа, Турција и Иран. Се среќава и во Македонија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 180-181
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата им е црна, телото речиси наполно црно, крилата затемнети, жилките и стигмата темнокафеави. Нозете се црвеникави, абдоменот црн.
Ларвите не се доволно проучени. Возрасните форми се среќаваат од мај до јуни, на некои растенија од родот Euphorbia.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија