Цуцул — археолошко наоѓалиште во прилепското село Штавица. Претставува осамени наоди (монети) од римското време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото.
Опис
Во нивата на мештанинот Тоде Милески биле најдени сребрени монети од Септимиј Север. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Браненица — населба од римското време; Полатица — осамени наоди (монети) од раноантичкото време; Заридски Гробишта — некропола од непознат период; Штавица; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Штавица