Тодор Стојанов Нешков (, ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од многу бедно семејство. Се занимавал исклучиво со земјоделство. Окупацијата го затекнала во редовите на бившата Југословенска војска, каде го служел редовниот воен рок. По капитулацијата на бивша Југославија се вратил во родното село. Во почетокот на 1942 година бил мобилизиран во бугарската фашистичка армија. Меѓутоа, бргу фатил врска и избегал во партизани. Во февруари 1942 година стапил во јужно-моравските ослободителни единици. Учествувал во борбите против бугарските окупаторски единици. Во јуни 1944 година бил заробен со уште неколку партизани по една борба кај Црна Трава. По заробувањето, бугарските фашисти постапиле многу брутално и нехумано, без да им се суди ги ликвидирале. Ги полиле со бензин и живи ги запалиле. Изгорените останки биле закопани на местото каде што бил запален, заедно со другите соборци.

Поврзано

Блажо Нешков Трајко Белински

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна