Никола Божинов Николовски (, ― , ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|273x273пкс|Споменик од НОБ во село Осој, на кој е испишано името и на Никола Николовски

Животопис Произлегува од селско семејство. Завpшил основно училиште во родното село. Уште пред војната се преселил во населбата Маџари во Скопје. Татко му работел како млекар. Изучил фотографски занает, а подоцна и шивачки. По завршувањето на занаетот се вработил кај приватен мајстор во Скопје. Тука останал на работа до 1941 година. На 9 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби за ослободување на Македонија, особено на падините на Скопска Црна Гора, каде се воделе огорчени борби против балистичките банди. Со Бригадата што била вклучена во Петнаесетти македонски корпус, учествувал во борбите за ослободување на преостанатите делови на татковината. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, во тешките и крвави борби кај Банова Јаруга. Во една од овие борби тој исчезнал. Со сигурност се претпоставува дека бил заробен и ликвидиран од германските фашисти.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ