Стамен Гигов Григоров (; 27 октомври 1878 - 27 октомври 1945) — истакнат бугарски лекар и микробиолог. Тој го открил бакцилот Lactobacillus bulgaricus, користен при правењето јогурт.

Живот Стамен Григоров е роден во селото Студен Извор во областа Перник, Бугарија. Средното образование по природни науки го завршил во Монпелје, Франција, а медицинска наука во Женева, Швајцарија. Во 1905 година, на 27-годишна возраст, Григоров го направил откритието по кое е најпознат. Во микробиолошката лабораторија на професорот Леон Масол во Женева открил дека одреден вид на бацил е основа на јогуртот.Grigoroff, Stamen, 1905. Étude sur une lait fermentée comestible. Le "Kissélo mléko" de Bulgarie. Revue Médicale de la Suisse Romande. Genève. Georg&G., Libraires-Éditeurs. Librairie de L'Université. Како признание, видот бил именуван од научната заедница како Lactobacillus bulgaricus.

Во 1950те државната компанија за јогурт патентирала и промовирала специфична мешавина на соеви на бактерии за да се создаде „официјален бугарски јогурт“. Оваа мешавина продолжува да се извезува кај производителите на јогурт во многу земји.

Освен откривањето на Lactobacillus bulgaricus, Григоров придонел за создавање на третман за туберкулоза во 1906 година, заедно со Алберт Калмет. Овој третман користел пеницилински габи. Преку неговите научни експерименти инвитро и инвиво на лабораториски животни, а подоцна и на човечки пациенти, Григоров го покажал лекувањето на пеницилинските габи во третманот на туберкулоза.Katherine Harmon Courage, Cultured: How Ancient Foods Can Feed Our Microbiome, Penguin, 2019, , p. 79.

Григоров починал на 27 октомври 1945 година, на 67от роденден.

Наследство Ледник Григоров на островот Брабант во Палмеровиот Архипелаг наАнтарктикот го носи името на Стамен Григоров.

На 27 октомври 2020 година, Стамен бил почестен од Google како Google Doodle на денот.

Наводи

Категорија:Бугарски научници Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во Софија