Страшо Денков Петрушев ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од земјоделско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 5 октомври 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во Третата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во уништувањето на остатоците од балистичките банди во Македонија. Потоа заминал за Земун, каде завршил три месечна воена обука, совладувајќи ја вештината во ракувањето на ново применото оружје. Од Земун заминал на Сремскиот фронт со Бригадата и во нејзиниот состав учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт, како и во борбите за ослободување на повеќе градови и села. На 28 април 1945 година, во една од тие битки, кај Горешница бил убиен на бојното поле. Бил закопан на позицијата каде што загинал.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ