мини|255x255пкс|Мартин Лутер Кинг го одржува говорот на Маршот за граѓански права во Вашингтон 1963 година Имам сон () — 17-минутен говор одржан од афроамериканскиот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг на 28 август 1963 година, во кој тој повикувал за расна еднаквост и крај на дискриминацијата во САД. Говорот што го одржал на Линколновиот меморијал во Вашингтон, бил еден од клучните моменти во борбата за еднаквост предводенa од афроамериканското движење за граѓански права. Говорот бил одржан пред околу 250.000 луѓе.Hansen, D, D. (2003). The Dream: Martin Luther King, Jr., and the Speech that Inspired a Nation. New York, NY: Harper Collins. стр. 58.

Говорот познат денес како „Имам сон“ имал неколку различни верзии што биле напишани неколкупати. Немало подготвено ниту еден нацрт, но сепак говорот бил мешавина од различни верзии. Изворната верзија е насловена „Нормалност, никогаш повеќе“, а има и неколку други верзии со сличен наслов. Важен момент е самиот говор. На крајот од говорот, познатата афроамериканска евангелска пејачка Махалија Џексон, му викнала на Мартин Лутер Кинг: „Кажи им за сонот, Мартин!“ Кинг потоа го прекинал подготвениот говор и го одржал неговиот познат говор. Многумина го нарекле „најдобриот говор одржан во XX век“.

Говор ...

И иако денес се соочуваме со тешкотии и ќе се соочиме и утре, сепак имам сон. Овој сон е длабоко вкоренет во американскиот сон.

Имам сон дека еден ден оваа нација ќе се исправи и ќе живее во согласност со вистинското значење на нејзиното начело: „Сметаме дека е очигледно дека сите луѓе се создадени еднакви“.

Имам сон дека еден ден, во црвените ридови во Џорџија, синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови ќе можат да седат заедно на братска маса.

Имам сон дека ќе дојде денот, дури и во државата Мисисипи, истоштена од жештините на неправдата и угнетувањето, која ќе се претвори во оаза на слободата и правдата.

Имам сон дека ќе дојде денот кога моите четири деца ќе живеат во земја во која ќе бидат судени не според бојата на кожата, туку според нивните црти на личноста.

Имам сон денес!

Имам сон дека еден ден во Алабама, со своите злобни расисти и гувернерот, од чии усни летаат зборови за „мешање“ и „поништување“ — еден ден, таму во Алабама, малите црни момчиња и девојчиња да се држат за раце со мали бели момчиња и девојчиња како сестри и браќа.

Имам сон!

...

— Од говорот на Мартин Лутер Кинг кај Линколновиот меморијал во Вашингтон, 28 август 1963 г.

Наводи

Надворешни врски

Full text at the BBC Video of "I Have a Dream" speech, од LearnOutLoud.com Lyrics of the traditional spiritual "Free At Last"

__ИНДЕКС__ __СОСОДРЖИНА__

Категорија:1963 во САД Категорија:САД Категорија:Говорништво Категорија:САД во XX век