Коце Јорданов Стоилковски ( во ― на ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснат е во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село. Од 1942 година активно работел за НОВ. Како општински чувар им доставувал вредни информации и податоци на партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на Скопска Црна Гора и во Качаничката Клисура, а потоа и во борбите за дефинитивно уништување на балистичките банди на Косово. Со Бригадата учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во тие борби храбро загинал, во април 1945 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ