Велко Коцев Стојановски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Веднаш по окупацијата бил активиран во ослободителното движење. Бил еден од организаторите за собирање на храна, облека, муниција и други материјали за партизаните. Освен тоа, растурал пропаганден политички материјал. Често бил ангажиран како јавка (врска), за прифаќање нови борци кон Скопска Црна Гора. Во октомври 1944 година стапил во редовите на Третата македонска ударна бригада. Бил распореден во Првата чета на Вториот баталјон. Учествуавл во акциите за уништување на балистичките банди во Тетово, Гостиварско и на Косово. Потоа заедно со Бригадата бил упатен на Сремскиот фронт, каде и загинал, во близина на Врпоље, Хрватска.

Поврзано

Аце Стојановски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ