Цветко Савев Терзиски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Поради слабата материјална состојба, тој барал работа во градот, но не успеал да најде. Во септември 1944 година, тој стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во многу борби против балистите кај месностите Чучерски Рид и Горни Забел. По ослободувањето на Скопје, тој заминал на Косово и ја продолжил борбата за разоружување на балистичките единици. Во април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбата за ослободување на Банова Japyгa, тој храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.

Поврзано

Душан М. Терзиски Александар Терзиски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ