мини|десно|300px|исправено|Ле Каре во 2008 Дејвид Џон Мур Корнвел (), (Пул, Дорсет, 19 октомври 1931 година - Труро, Корнвол, 12 декември 2020 година), професионално познат како Џон ле Каре () ― британски писател. Од 1948 до 1949 година студирал странски јазици на Универзитетот во Берн. Во текот на 1950-тите и 1960-тите работел за британската Служба за безбедност (MI5) и за Тајната разузнавачка служба (MI6). Ле Каре станал познат по неговите шпионски романи во 1960-тите и за време на петдециниската писателска кариера објавил 22 романи, кои биле преведени на 36 јазици. Неговите романи најчесто биле сместени за време на Студената војна (1945–91) и во нив ја обработувал тематиката на борбата меѓу Истокот и Западот, а се вртеле околу ликот на тајниот агент Џорџ Смајли. Од 1990-тите Ле Каре почнал да пишува и на други теми како што е испреплетеноста на политиката и економијата. Неговите дела биле продадени во 60 милиони примероци во светски рамки, а многу од неговите романи биле адаптирани во филмови и серии. Некои од нив се: Шпионот кој дојде со студот (1965), Руска куќа (1990), Панамскиот кројач (2001), Внимателниот градинар (2005), Крпар, кројачот, војник, шпион (2011 ), Ноќниот менаџер (2016). Ле Каре бил разочаран од исходот на гласањето за Брегзит во 2016 година за напуштање на Британија на Европската унија и непосредно пред неговата смрт зел ирско државјанство.

Надворешни врски

Заминувањето на Џон ле Каре („Политика“, 15 декември 2020 година)

Наводи

Категорија:Британски шпиони Категорија:Англиски писатели Категорија:Британски писатели на фантастика Категорија:Британски писатели Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет