Горјан Јовановски (р. 1993, Скопје) — македонски еко-активист, претприемач и софтверски инженер, кој работи на подигнување на свеста за загадувањето на воздухот преку технологија. Во 2014 година, тој ја создал мобилната апликација Мој Воздух, која користи отворени податоци за визуелизирање на загадувањето на воздухот, а нејзиното лансирање предизвикало протести на национално ниво во Македонија и Србија од страна на граѓаните кои бараат локалните власти да преземат посериозни активности за решавање на ова прашање.

МојВоздух

Мој Воздух (од 2019 AirCare) е мобилна апликација која користи податоци од мерните станици за квалитет на воздухот за да го мапира и визуелизира загадувањето на Балканот. Лансиран во декември 2014 година, а во моментов има над 200.000 преземања. МојВоздух акумулира податоци од владините, волонтерските и сателитските мерни станици од Европската вселенска агенција, собирајќи ги за полесен пристап од крајните корисници. Во апликацијата се прикажуваат мерните вредности за присуство честички, азот диоксид, јаглерод моноксид, сулфур диоксид и озон.

Лесниот пристап до информации преку апликацијата довело до повеќе протести на национално ниво во Македонија и Србија и одговор на македонската влада насловен како „План за чист воздух“. За МојВоздух имаат пренесено повеќе меѓународни медиумски куќи како Форбс и Гардијан, како и американската воздухопловно-вселенска управа НАСА и Обединетите нации.

Во 2020 година, Горјан бил прогласен за Европски млад иноватор од Светскиот самит за награди на ОН, за неговата работа на подигнување на свеста за загадувањето на воздухот преку МојВоздух.

Поврзано Семрежен активизам Загадување на воздухот Екологија

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски природозаштитници Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Луѓе од Скопје