Шестар (ESO 97-G13) — Сејфертова галаксија во соѕвездието Шестар. Сместена е 4 степени под галактичката рамнина, на оддалеченост од 4,0 Мпс (13 Мсг). Се вбројува меѓу најблиските поважни галаксии до Млечниот Пат. Галаксијата претрпува бурни промени и веројатно исфрла гасовити прстени. Најнадворешниот прстен има пречник од 1400 светлосни години, а највнатрешниот има 260. Иако може да се види со мал телескоп, галаксијата за првпат е забележана дури во 1977 г. бидејќи лежи близу до рамнината на Млечниот Пат, прикриена од галактичка прашина. Шестар е Сејфертова галаксија од типот II и е една од најблиските познати активни галаксии до Млечниот Пат, иако веројатно е малку подалеку од Кентаур A.

Галаксијата ја произвела суперновата SN 1996cr, утврдена една деценија по нејзината експлозија. Првпат е забележана во 2001 г. како сјајно променливо тело на слика од вселенскиот рендгенски телескоп „Чандра“, но потврдена како супернова неколку години подоцна.

Шеста е една од дванаесетте големи галаксии наречени „совет на џинови“ кои ја опкружуваат Месната Група во Месниот Лист.

Наводи

Надворешни врски

Опсерваторијата „Чандра X“ испитува мали и големи црни дупки во блиска галаксија Слика и информации од Европската вселенска агенција

Категорија:Шестар (соѕвездие) Категорија:Сејфертови галаксии 50779 97-G13 Категорија:Астрономски тела откриени во 1977 година