Посилни од Судбината е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2005 година, со 130 епизоди. Серијата имаше добар успех во Мексико, иако тој успех не се повтори многу низ целиот свет. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 телевизија во утринските часови. Вистинскиот превод на оваа теленовела е Против Ветерот и Плимата.
Синопсис Наталија Риверо е млада девојка која доаѓа да живее со нејзината тетка Инес, но ќе се соочи со незгодниот чичко Аркадио, кој не сака да чува туѓо дете. Инес ја праќа Наталија во интернат каде останува десет години.По враќањето, таа ќе го привлече вниманието на Аркадио кој се обидува да ја силува и таа бега во јавна куќа, а во тоа и помага Валенте. Но, заради тоа ќе биде убиен, а Наталија дознава дека нејзината тетка е смртно болна и оди да ја посети. Во болницата ќе се сретне со човекот кој целосно ќе и го измени животот. За да ја заштити од Аркадио, Инес ја праќа да живее со Теодоро и неговата сопруга Аполонија, но од самиот старт, Наталија ќе увиди дека не е добредојдена во куќата. Во неа се вљубува Едуардо, братот на Себастијан, а во куќата треба да се досели и Алваро, синот на Теодоро од неговиот прв брак, што нема да ја израдува Аполонија. Но, Алваро е тореадор и загинува во арената, а неговата сестра Рехина решава да го земе неговиот идентитет за да му се одмазди на татко им. Аполонија е несреќна во бракот со Теодоро и утеха ќе најде во Едуардо, а Наталија ќе и стане главна ривалка и крие од него дека претходно имала врска со Валенте. Себастијан е млад бунтовник кој постојано се кара со неговиот брат Едуардо. Поради наместено убиство, тој ќе одлежи затворска казна и по излегувањето ќе се здружи со локалниот криминалец Саул Трехо со прекар Отров. Нивниот пат низ пустината ќе им донесе и една неочекувана средба. Смртта на братот на Отров, ќе предизвика омраза меѓу него и Себастијан. Освен со Отров, Себастијан ќе се соочи и со неговиот брат, откако обајцата ќе откријат дека се вљубени во иста жена, која и не знае дека тие се браќа.
Улоги Глумци ЛиковиМарлен Фавела Наталија РиосСебастијан Рули Себастијан КарденасАзела Робинсон Аполонија Рудел СераноАдријана Фонсека Сандра Серано РуделАлексис Ајала Рикардо СандовалКика Едгар Рехина Кампос / Луна Гитана / АлвароЕрнесто Де Алесио ЕдуардоАлберто Естрела Валенте Ортигоса / Франко Гаљардо
Посилни од Судбината на Балканот Македонија: А1 Телевизија Србија: Пинк Телевизија Хрватска:ХРТ Словенија: ПОП ТВ Бугарија: бТВ Црна Гора: Пинк М
Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру А1 Телевизија
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели