Серијата Качора е хумористична аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Буенос Аирес, во текот на 2002 година, со 150 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, како и кај нас која се емитуваше во утринскиот термин на А1 телевизија.

Синопсис Качора е во основа една голема љубовна приказна. Главниот протагонист е една обична девојка од соседството, сиромашна и со ниско ниво на култура, но со голема внатрешна сила, оптимизам, весела, забавна, способна и снаодлива во секакви ситуации.Со нејзините две момчиња ќе создаде љубовен триаголник исполнет со страст, конфликти и многу караници. Приказната започнува со неа кога се наоѓа во затвор, неправедно обвинета за убиство.Таа бега од затвор и влегува во домот на Моравија, моќно семејство, со лажен идентитет, само за да се заштити од полицијата. Таа живее во куќата, но со постојан страв да не биде откриена. Има многу смешни ситуации кога неискусната и необразована Качора мора да глуми лик на професионална учителка чиј идентитет го носи.

Улоги Глумци ЛиковиНаталија Ореиро Антонија (Качора) / РосариоПабло Рага БруноМарија Роса Гало ПиеринаОсвалдо Санторо ФранцискоМарија Роса Фугазот ЕленаХосе Марија Монхе Херман

Надворешни врски Сериалс.ру А1 Телевизија

Категорија:Аргентински телевизиски серии Категорија:Теленовели