Вљубени и злобни е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2006 година, со 120 епизоди. Серијата во времето на прикажување во Мексико имаше една од најдобрата гледаност. Оваа теленовела е римејк на истоимената теленовела од Венецуела од 1991. Теленовелата Вљубени и злобни кај нас се емитуваше на Сител Телевизија. Вистинскиот превод на оваа теленовела е Светот на Ѕверките.
Синопсис Ова е приказна за Габриел и Демијан идентични браќа близнаци кои се раздвоени уште на раѓање и чиј животен пат е сосема различен. Габриел е одгледан во изобилство и богатство од страна на родителите кои го посвоиле. Демијан од друга страна живее во сиромаштија и навлегува во криминалот. Кога Демијан ќе дознае за удобноста во која живее Габриел неговиот ум ќе бид опседнат само со едно: одмазда. Но, животот на Габриел е далеку од добар, бидејќи поминува низ неколку трагедии, а сега е во брак со Јоселин. Сопругата на Демијан, Рехина, всушност го сакала Габриел, но нејзините родители не ја дозволиле нивната љубов. Демијан тврди дека Хуан Кристобал, всушност е син на Габриел. Хуан Кристобал и ќерката на Габриел, Паулина силно се вљубуваат и решаваат да се борат против лошата крв во нивните семејства. Семејството на Габриел ќе биде потресено и со доаѓањето на вонбрачната ќерка на Клементе, Марианхела. Но, од затвор излегува и Долорес.
Улоги Глумци ЛиковиГаби Еспино МарианхелаЦезар Евора Габриел / ДемијанЕдит Гонсалес ЈоселинХелена Рохо МиријамСара Малдонадо ПаулинаСебастијан Рули Хуан КристобалМишел Вит КаренЛаура Флорес РехинаКармен Салинас КанделаријаЕрнесто Лагуардиа Леонардо
Вљубени и злобни на Балканот Македонија: Сител Телевизија Србија: Пинк Телевизија Босна и Херцеговина: Пинк БХ Хрватска:НоваТВ Словенија: ПОП ТВ Бугарија: ТВ7 Црна Гора: Пинк М
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру Сител Телевизија
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели