Ангел Чемерски - Јануш ( во Кавадарци — во Скопје) — македонски револуционер и партиски функционер.
Уште како ученик се вклучува во комунистичкото движење, а во 1943 станува активен младинец во македонската народноослободителна војска уште во првите денови од фашистичката окупација. Станува член на СКОЈ во 1941 година, а на КПЈ во 1942. Секретар е на општинските партиски комитети во Штип, Струмица и Битола. Во 1943 година стапува во редовите на Тиквешкиот партизански одред "Добри Даскалов“.
Завршил Економски факултет, бил директор на Заводот за стопанско планирање. Позабележителна општествено-политичка дејност остварува по ослободувањето: помошник-министер за индустрија и рударство, претседател на Стопанскиот совет, секретар и претседател на ЦК СКМ (од 1969 до 1982 година), а во повеќе мандати бил член на Претседателството на ЦК СКМ, како и член и претседател на Претседателството на СРМ (од 1982 година до 1986 година).
Поврзано СРМ
Наводи
Надворешни врски „Почина Ангел Чемерски, претседател на ЦК СКМ“
Категорија:Претседатели на Сојузот на комунистите на Македонија Категорија:Политичари од Кавадарци Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти М Категорија:Јунаци на социјалистичкиот труд Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје