Драгољуб Панчев Жеков ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште. Во Скопје се преселил и работел како дреар. По окупацијата на Македонија се вклучил во народно-ослободителното движење и активно ја помагал борбата за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор. Станал член на Народната милиција, со која раководела партиската организација на Скопје. На 13 ноември 1944 година бил активен учесник во борбите за ослободувањето на Скопје. Во борбите против Германците, во близина на стариот железнички мост бил ранет во десната рака и во градниот кош. Веднаш бил пренесен на болничко лечење но, наредниот ден им подлегнал на раните. Неговите посмртни останки биле погребани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје