Вршник – Џамалџиски Гробишта — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Претставува населба, базилика и некропола од доцноантичкото време. На 2,5 км јужно од селото, покрај патот за селото Кишино има фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. На североисточниот крај од теренот лежи столб од бел мермер, веројатно од базилика, а на југоисточниот крај се наоѓаат големи правоаголни плочи од гробни конструкции.
Поврзано Думанлија — населба римското време; Машатл’к —некропола од римското време; Срма — населба со некропола од доцноантичкото време; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
Наводи
Категорија:Каратманово