Бресје — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Милино. Претставува населба од младото камено време. На 2,5 км северозападно, во нивата на еден жител со површина од 200 × 100 м, се среќаваат делови од керамички садови, претежно со монохромна темна боја, кои по фактурата и профилацијата на облиците се слични на доцно младокамената керамика од населбата Барутница во Амзабегово.
Поврзано Сува Река — некропола од средновековното време; Милино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи