Стоилко Стојков Каимов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. За време на окупацијата бил мобилизиран во бугарската војска, каде останал извесно време. Во есента 1944 година бил пуштен на отсуство по што си дошол во родното село, напуштајќи ја бугарската војска тој и се приклучил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која храбро се борел против балистичките сили. Кон крајот на октомври 1944 година враќајки се од Кучевиште каде бил по лекови, паднал и загинал од сопствената пушка. Бил закопан на селските гробишта во Мирковци.
Поврзано
Ангеле Каимов
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ