6489 Голевка — аполонски, марсопресекувачки и алиндски астероид откриен во 1991 г. од американскиот астроном Еленор Хелин.
Во 1995 г. телото е проучувано истовремено во три радарски опсерватории: „Голдстоун“ во Калифорнија, РТ-70 во Евпаторија, Украина и „Кашима“ во Јапонија. Името „Голевка“ е како сложенка од првите букви на овие три опсерватории, по предлог на рускиот астроном Александар Зајцев.
Голевка е мало тело, со големина од 0,6 × 1,4 км. Има мошне чуден аглест облик кој изгледа различно, зависно од кој правец се набљудува. Во 2003 г. е забележан Јарковскиевиот ефект. Помеѓу 1991 и 2003 г. малата сила на ефкетот предизвикала поместување од 15 км во однос на тоа што се очекувало само од гравитациските заемодејства. Ова помогнало во утврдувањето на неговата густина (2,7 ± 0,5 г/см3) и маса (2,10 кг).
Астероидот ќе се доближи до Земјата на растојание од 0,05 ае (7.500.000 км) во 2046 г., 0.10 ае во 2069 и 0,11 ае во 2092 г. Од друга страна, изгледите Голевка да се судри со било која планета се занемарливо мали барем во следните девет века. Неговата орбита е извонредно слична на онаа на 4179 Тевтат во занесувањето, големата полуоска и наклонот. Тевтат е попознат поради неговото доближување до Земјата во 2004 г.
Наводи
Надворешни врски
Меѓуконтинентални бистатични радарски набљудувања на 6489 Голевка (1991 JX)
006489 006489 Категорија:Откритија на Еленор Хелин 006489 006489 19910510