Благородна Панова Маркова ( во — во ) — македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од градско работничко семејство. Завршила основно училиште, а подоцна работела како плетачка. Од 2 ноември 1942 година се преселила во Скопје. По доаѓањето во Скопје учествувала во илегалното движење против окупаторот, особено во собирање материјална помош и опфаќање нови младинци за борба против окупаторот. На 14 август 1944 година заминала во партизани, а подоцна стапила во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнала со својата храброст во борбите против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. Во борбите што се воделе во Тетово, иако партизаните ги разбиле балистичките банди, била заробена и ѕверски убиена. Телото не и било пронајдено.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ