Боге Миланов Матевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од селско семејство. Основно училиште завршил во родното село. По доселувањето во Скопје, се вработил како дреар во железничката ложилница. Бил учесник во многубројните саботажни и други акции на железничарските работници против окупаторот. Собирал народна помош и растурал илегален материјал. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Како на храбар борец му бил доверен пушкомитралез Зорка. Бил учесник во сите борби на својата бригада против балистите и Германците, како и во борбите за ослободувањето на Скопје. На 13 ноември 1944 година, во првите утрински часови, храбро загинал во борбите околу заземањето на железничката станица. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ