Опсадата на Цариград од 1411 година се случила за време на Отоманската граѓанска војна односно Отомански интеррегнум,Dimitris J. Kastritsis, The Sons of Bayezid, (Brill, 2007), xi. (20 јули 1402 година - 5 јули 1413 година), кога во Отоманското Царство владеел хаос по поразот на султанот Бајазит I од воениот водач на Средна Азија, Тимур. Иако Мехмед Челебија бил потврден како султан од Тимур по Битката кај Анкара, неговите браќа Иса Челебија, Муса Челебиха, Сулејман Челебиха, а подоцна и Мустафа Челебиха, одбиле да го признаат неговиот авторитет, секој од нив претендирајќи го престолот за себе.Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans, (University of Michigan Press, 1994), 499. Резултатот бил граѓанска војна. Интеррегнумот траел до Битката кај Чаморлу на 5 јули 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник, се крунисал за султан какоМехмед I и го вратил мирот во царството.
Заднина Пред Битката кај Анкара, Византија била обичен пион на надворешните сили неколку децении, но по поразот на Османлиите од Тимур, царството, за кратко време, станало играч во османлиската внатрешна политика и интриги.
Опсада Византискиот цар Мануил II Палеолог го поддржал Сулејман како претендент за османлискиот престол. Тие го потпишале договорот за Галиполе со византискиот регент Јован VII Палеолог во 1403 година, бидејќи во тоа време царот Мануил II Палеолог патувал во Западна Европа. Со овој договор, Сулејман се откажал од одредени територии долж брегот на Мармара, како и од градот Солун во замена за византиската поддршка за време на граѓанската војна и се прогласил за султан на во Одрин, главниот град во Румелја на Отоманското Царство.
И покрај поразот на неговиот брат и соперник за османлискиот престол, Муса, во Битката кај Космидион во јуни 1410 година, популарноста на Сулејман опаднала толку многу, што кога Муса се вратил за да му се одмазди за поразот во текот на следната година, приврзаниците на Сулејман поминале на страната на Муса. Сулејман бил фатен при обид да избега на византиските територии, а бил убиен од селаните на 18 февруари 1411 година. Муса започнал да владее како султан на европскиот дел на царството.Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 74-75 Муса тогаш им се одмаздил на сите сојузници на Сулејман, вклучувајќи го и Мануил II Палеолог со поставување опсада кон Цариград во 1411 година.Ostrogorsky, G. 'History of the Byzantine State', Rutgers University Press, 1969, p.557 Мануил II Палеолог се обратил за поддршка на Мехмет, кој го предал Муса и склучил нов сојуз меѓу него и Византијците против Муса. Опсадата била повлечена истата година.
Во Битката кај Инџеѓиз, силите на Мехмет се судриле со оние на Муса, но биле поразени. Во 1413 година, Мехмет ја добил поддршката од српскиот монарх Стефан Лазаревиќ и бегот на турските Дулкадириди, како и од некои генерали во војската на Муса. Тој ги победил силите на Муса во Битката кај Чамурлу кај Самоков, Бугарија.Encyclopædia Britannica Evpo 70 ed., Vol. 22, p. 368 Повреден и обидувајќи се да избега, Муса бил забележан и убиен на 5 јули 1413 година.Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi cilt I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 58-60.
Наводи
Категорија:Судири во 1411 година Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Опсади на Византија 1411 Категорија:Византиско-османлиски војни