мини|Претседателот на ЕАА Фелипе Криадо-Боадо со македонскиот археолог Професор Љубен Тевдовски и претседателот на Германската асоцијација на праисторичари Професор Френк Зигмунд.

Европската асоцијација на археолози (ЕАА) е невладина и непрофитна организација, која почива на своите поединечни и колективни членови. Членувањето во ЕАА е отворено за археолози и други поврзани или заинтересирани поединци или организации во Европа и пошироко. ЕАА е основана во 1994 година на инаугуративниот состанок во Љубљана, Словенија, каде што се одобрени и нејзиниот прв статут и правилници.Cleere, H. 1995. The EAA is up and running. The European Archaeologist 3: 1-3.; EAA Statutes Таа е призната од Советот на Европа во 1999 година.Council of Europe Conference of INGOs http://coe-ngo.org/#/ingo/ ЕАА на својата база на податоци има над 11.000 членови од 60 земји во светот, кои работат во областите на праисторијата, класиката, средновековната и историската археологија. ЕАА одржува годишна конференција, а го издава и најпрестижниот весник за европската археологија, Европски весник за археологија . ЕАА. Организацијата, исто така, објавува и внатрешен билтен, наречен Европскиот археолог (ТЕА). Седиштето на здружението е во Прага, Чешка .

Со ЕАА управува извршен одбор, кој се избира од полноправните членови на организација. Извршниот одбор се состои од тројца или четворица службеници (претседател, новоизбран претседател (во доаѓање), благајник и секретар) и шест обични членови.EAA Statutes Article VI: Organization Актуелен претседател на Европската асоцијација на археолози е Фелипе Криадо-Боадо од Галисија.Felipe Criado Boado, presidente de la EAA , DLGGA-Delegación del CSIC en Galicia]EAA Executive Board , Official website

Наводи

Категорија:Археологија на Европа