Методија Манојлов Николовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно образование во родното место. Потоа се доселил во Скопје со цел да заработи за живот. Тука се поврзал со народноослободителното движење и работел во подготовките за оружено востание против окупаторот. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Уште од првиот ден учествувал во борбите против балистичките банди, како и во борбите на железничката линија Скопје - Велес против Германците. Во октомври 1944 година, загинал во една борба против балистите на падините на Водно.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје