Шарплесов каталог () — попис на 313 H II-подрачја (оддавни маглини) предвиден како сеопфатен северно од деклинација −27°, но вклучувајќи и извесни маглини јужно од тоа место. Првото издание е објавено во 1953 г. со 142 тела (Sh1), а втората и конечна верзија ја издал американскиот астроном Стјуарт Шарплес во г. со вкупно 312 тела. Шарплес придодал и некои планетарни маглини и остатоци од супернови, покрај H II-подрачјата.
Во 1953 Стјуарт Шарплес стапил во служба на станицата „Флегстаф“ при Морнаричката опсерваторија на САД, каде направил преглед и каталогизација на H II-подрачја од Млечниот Пат користејќи ги сликите на Паломарскиот преглед. Од оваа работа произлегол каталог на H II-подрачја во две изданија: првиот од 1953 г. имал 142 маглини,Stewart Sharpless, A Catalogue of Emission Nebulae Near the Galactic Plane, Astrophysical Journal, vol. 118, p.362, 1953 а вториот и последен од 1959 г. содржел 312.Stewart Sharpless, A Catalogue of H II Regions, Astrophysical Journal Supplement, vol. 4, p.257, 1959
Шарплесовите координати се водат според ѕвездените каталози Бонски (BD) и Кордопски преглед (CD), но второто издание е прилагодено на епохата 1900.
Во второто издание, извесни координати за делови од јужната полутопка содржат несигурност од 1 лачна минута.Galaxy Map – The Gum, RCW, Sharpless and BFS catalogs Ова предизвикува потешкотии во нивното наоѓање, па затоа е објавен преработен каталог наречен BFS (Блиц, Фич и Старк) со 65 нови подрачја и 20 отстранети ставки. Највеќето од отстранетите ставки биле за маглини и остатоци.
Ставките во Шарплесовиот каталог се преклопуваат со 110 Месјеови тела (M), 7.840 тела од Новиот општ каталог (NGC), Колдвеловиот каталог (кој самиот е зборник од други каталози, со 109 ставки) и RCW-каталогот. Истовремено во употреба биле и Гамовиот и RCW-каталогот, но тие се задржуваат претежно на јужната полутопка.
Примери Ова се примери од второто издание (1958) на Шарплесовиот каталог:
Бр. Име Слика Називи и ознаки6 NGC 6302 99п Sh2-6, NGC 6302, Бубачка, PK 349+01 1, Пеперутка, RCW 124, Гам 60, Колдвел 698 NGC 6334 99п ESO 392-EN 009, Шарплес 8, RCW 127, Гам 64, NGC 633411 NGC 6357 99п Sh2-11, NGC 6357, RCW 131, Гам 66, Војна и Мир 25 Лагуна 99п Sh2 25, RCW 146, Гам 72, Месје 8 29 Шарплес 29 99п Sh2 29 30 Триделна Маглина 99п Sh2 30, M20, NGC 6514, RCW 147, Гам 76 45 Омега 99п Омега, M17, NGC 6618, Лебед, Шарплес 45, RCW 160, Гам 8149 Орел 99п Sh2 49, Месје 16, NGC 6611, RCW 165, Гам 8364 W 40 99п Sh2 64, RCW 174101 Лале 99п Шарплес 101, Ѕвезден облак во Лебед105 Полумесечина 99п Sh2 105, NGC 6888, Sharpless 105, Колдвел 27106 Sh2-106 99п Sh2-106, Небесен Снежен Ангел117 Северна Маглина 99п NGC 7000, Колдвел 20125 Кожурец 99п IC 5146, Колдвел 19140 Sh2-140 99п Sh2-140155 Пештера 99п Sh2-155, Колдвел 9162 NGC 7635 99п Sh2-162, NGC 7635, Меур 184 NGC 281 99п NGC 281, IC 11 191 Мафеи 1 99п Sh2-191, Мафеи 1, PGC 9892 197 Мафеи 2 99п Sh2-197, Мафеи 2, UGCA 39,PGC 10217199 Душа 99п Sh2-199, LBN 667, Душа, IC 1848 (само јато) 220 Калифорнија 99п NGC 1499, Шарплес 220 229 IC 405 99п Распламтена Ѕвезда, Колдвел 31, IC 405, Sh2-229237 NGC 1931 99п Шарплес 237238 NGC 1555 99п NGC 1555, Хиндова Маглина, Шарплес 238 244 Раковидна Маглина 99п Месје 1, NGC 1952, 248 IC 443 99п IC 443, Sh2-248, Медуза 275 Розета 99п Sh2-275, CTB 21 279 Sh2-279 99п 276 Барнардова Јамка 99п Sh2-276, Барнардова Јамка 277 Пламен 99п Sh2-271, NGC 2024 281 Орион 99п M42, NGC 1976, LBN 974 297 Sh2-297 99п Ced 90, LBN 1039 298 NGC 2359 99п Торов Шлем, Гам 4, Шарплес 298, NGC 2359
Поврзано Гамов каталог RCW-каталог
Наводи
Надворешни врски
Изворниот каталог Илустрирано и прибележано толкување Список на Шарплесови тела — SIMBAD Слики од Шарплесови тела
Категорија:Астрономски каталози на маглини
Категорија:H II-подрачја Категорија:Науката во 1953 година