Благоја Јованчев Паровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителната борба, на 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Непосредно пред завршните операции за ослободувањето на Скопје, на патот за Качаник, во една борба против Германците бил тешко ранет. Од таму бил пренесен во партизанската болница во Љубанци каде подлегнал на раните. Бил закопан во селските гробишта во Булачани.

Поврзано

Борис Паровски Србин Паровски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје