Меѓународното друштво за порозни материјали (познато и како Интерпор) е меѓународна, независна и непрофитна научна организација за истражувачи во полето на порозните материјали и сродните дисциплини. Друштвото е основано во 2008 година од страна на група научници од Германија, Норвешка, Соединетите Американски Држави, Франција и Холандија. Денес членовите на Интерпор потекнуваат од сите континенти, освен Антарктикот. Друштвото организира годишна научна конференција на различна локација секоја година. На конференцијата присуствуваат околу илјада учесници-истражувачи од академскиот, владиниот и приватниот сектор. Домаќин на четиринаесетата годишна научна конференција (Интерпор 2022) ќе биде Кинескиот нафтен универзитет (источна Кина) во Ќингдао, Кина.
Наводи
Категорија:Интерпор Категорија:Порозни материјали Категорија:Научни организации Категорија:Научни организации основани во 2008 година