Македонија учествуваше на Детски избор за песна на Евровизија 2013 во Киев, Украина. Македонскиот претставник беше избран со интерен избор. На 17 октомври 2013 беше објавено дека Барбара Поповиќ ќе ја претставува Македонија на натпреварот. На 30 октомври 2013 било објавено дека ќе настапи со песната "Охрид и музика".
Интерен избор На 26 септември, било објавено дека радиодифузерот МТВ одлучи интерно да го одбере својот претставник. На 17 октомври 2013 МРТ објави дека 13-годишната Барбара Поповиќ ќе ја претставува Македонија. Насловот на песната "Охрид и музика" бил објавен на 30 октомври 2013.
Песната била презентирана на публиката на 7 ноември 2013.
На Детска Евровизија мини|Барбара Поповиќ на втората проба во Киев. За време на ждрепката за редоследот на 25 ноември 2013, Македонија беше извлечена да настапи 5та, после Сан Марино, а пред Украина. Македонија се пласираше 12та и последна, освојувајќи 19 бодови.
Барбара Поповиќ беше придружувана на сцената од три танчери од балетското студио Еурека: Огнен Ангушев, Емилијана Јовковска и Сара Кастратовиќ.
Во Македонија, натпреарот беше прикажан на МТВ под коментаторство на Тина Теутовиќ и Спасија Велјаноска. Македонскиот гласноговорник кој ги соопшти резултатите од македонските гласови беше Софија Спасеноска.
Гласање
+ Поени доделени на Македонија Резултат Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод
+ Бодови доделени од Македонија Бодови Земја 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод
Белешки
Наводи
Категорија:Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија