Македонија настапи на Детски избор за песна на Евровизија 2019 кој се одржа на 24 ноември 2019 во Гливице, Полска. Македонскиот радиодифузер МТВ беше одговорен за организирање на учеството на натпреварот. Мила Москов беше интерно избрана на 9 јули 2019 како македонски претставник.
Пред Детска Евровизија На 9 јули 2019, македонскиот радиодифузер објави дека ја одбрале Мила Москов интерно да ја претставува Македонија на Детска Евровизија 2019. Нејзината песна за натпреварот "Fire", напишана од Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска, беше објавена на 15 октомври 2019. На Детска Евровизија За време на церемонијата на отворањето и ждрепката за редоследот која се одржала на 18 ноември 2019, Македонија била извлечена да настапи 4та на 24 ноември 2019, после Русија и пред Шпанија.
Гласање Резултатите од Детска Евровизија 2019 биле одлучени од национални жирија и онлајн гласање од публиката. Секоја држава имала национално жири кое се состоело од три професионалци од музичката индустрија и две деца на возраст меѓу 10 и 15 кои се жители на државата што ја претставуваат. Од жирито било побарано да го оцени секој натпреварувач засновано на: вокален капацитет, сценска изведба, композицијата на песната и оригиналност, и целокупен впечаток од настапот. Дополнително, ниту еден член на национално жири не смеел да биде поврзан на ниту еден начин со некој од учесниците на таков начин што тие не можат да гласаат непристрасно и независно. Првата фаза на онлајн гласањето започнала на 22 ноември 2019 кога резиме од сите пробни настапи ќе биде прикажано на junioreurovision.tv пред гледачите да може да гласаат. После ова, гласачите ќе имаат можност да гледаат и подолги едно-минутни видеа од пробата на секој натпреварувач. Првата рунда завршила во недела, 24 ноември, во 15:59 CET. Втората фаза од онлајн гласањето се случила за време на преносот во живо, и започната веднаш по последниот настап и била отворена 15 минути. Меѓународните гледачи можеле да гласаат за минимум 3 земји, а максимум 5. Тие исто така можеле да гласаат и за песната на својата земја. Овие гласови после биле претворени во бодови кои што ќе бидат одредени од процентот на добиени гласови. На пример, ако песна добие 20% од гласовите, ќе добие 20% од достапните бодови. Јавното гласање го одредувало 50% од финалниот резултат, додека другите 50% доаѓале од професионалните жирија.
+ Points awarded to North Macedonia Score Country 12 points 10 points 8 points 7 points 6 points 5 points 4 points 3 points 2 points 1 point North Macedonia received 50 points from the online vote
+ Points awarded by North Macedonia Score Country 12 points 10 points 8 points 7 points 6 points 5 points 4 points 3 points 2 points 1 point
Детални резултати од гласањето +DrawCountryJuror AJuror BJuror CJuror DJuror EAverage RankPoints Awarded01511139141102951716610103151716141016040536265210061038512830711131815131508161615131817091412711161410210512465116194114712129113159213131412791314178327741547610256161818141717181784483381871510188121912111112
Наводи
Категорија:Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија