Туберкулин, исто така познат како прочистен белковински дериват, е комбинација на белковини кои се користат за дијагноза на туберкулоза. Тестот се нарекува туберкулински тест и се препорачува за оние со висок ризик. Се инјектира интрадермално. После 48 до 72 часа се мери индурацијата; ако е поголема од пет до десет милиметри тестот е позитивен.
Чести несакани ефекти се црвенило, чешање и болка на местото на инјектирање. Тестот може да биде лажно позитивен кај лица кои претходно се вакцинирани со БСЖ вакцина или кај лица инфицирани со други видови на микобактерии. Тестот може да биде лажно негативен во првите десет недели од инфекцијата, кај бебиња помали од шест месеци, и кај лица кај кои инфекцијата е присутна повеќе години. Примената на туберкулин во текот на бременоста е безбедна.
Туберкулинот бил откриен во 1890 година од страна на Роберт Кох. Кох, иако е познат по неговата работа на етиологијата на туберкулоза (TB), тој утврдил строги критериуми со кои се воспоставува причинската врска помеѓу патоген и специфично заболување, кои подоцна биле наречени Кохови постулати. Иако првично тој сметал дека може да се користи како лек против туберкулоза, тоа подоцна било отфрлено. Туберкулинот бил добиен од екстракт на Mycobacterium tuberculosis.
Се наоѓа на листата на есенцијални лекови на СЗО.
Наводи
Категорија:Туберкулоза Категорија:Имунологија Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација