Музејската збирка Ресен ― месен археолошко-историски музеј во Ресен, кој е под јурисдикција на Музејот на Македонија. Просториите на музејот се наоѓаат на првиот кат на Ресенскиот сарај на површина од над 250 м2.

Историја и поставки Основач било Собранието на Општина Ресен, а како почетен изложбен материјал послужиле месните наоди од околината на градот. Во натамошното постоење збирката била пополнувана со предмети од систематските археолошки истражувања во Преспа, особено на островот Голем Град, разни новоприсобрани историски и етнолошки предмети, како и нумизматички примероци. Во неговиот состав се наоѓаат Спомен-галеријата на уметнички дела на Кераца Висулчева, Спомен-куќата на народниот херој Мите Богоевски во Болно и Спомен-куќата на револуционерот Наум Веслиевски-Овчарот во Златари. Денес е под стручната надлежност на Музејот на Македонија.

Поврзано Ресенски сарај Музеј на Македонија Дом на култура „Драги Тозија“ Ресенска керамичка колонија

Наводи

Надворешни врски Главна страница на Музејот на Македонија

Категорија:Археолошки музеи во Македонија‎ Категорија:Ликовни музеи и галерии во Македонија Категорија:Култура на Ресен