Алфонсо Куарон (; роден на 28 ноември, 1961 година) е мексикански филмски режисер, продуцент, сценарист, кинематограф и монтажер. Куарон е првиот филмски режисер роден во Мексико, кој ја освоил наградата Оскар за најдобра режија. Тој е номиниран за Оскар во шест различни категории, рекорд што го дели со Волт Дизни и Џорџ Клуни.
Куарон има добиено 11 номинации за Оскар, освојувајќи четири меѓу кои Најдобар режисер за Гравитација (2013) и Рома (2018), Најдобра филмска монтажа за Гравитација и Најдобра кинематографија за Рома. Неговото творештво вбројува неколку филмови од различни жанрови: семејната драма Малата принцеза (1995), романтичната драма Големи очекувања (1998), патописниот младински филм Y tu mamá también (2001), фантазискиот филм Хари Потер и Затвореникот во Азкабан (2004), и дистописката научна фантастика Деца на човештвото (2006).
Белешки
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Мексикански режисери Категорија:Оскар за најдобар режисер Категорија:Добитници на Златен глобус